
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Српската влада ќе му понуди правна помош на Радован Караџиќ
Белград, 27 август (МИА) - Амбасадорот на Србија во Холандија Радослав Стојановиќ изјави дека српската влада наскоро ќе му предложи на Радован Караџиќ правна помош за неговата одбрана пред Хашкиот суд.
Стојановиќ соопшти дека на 7 септември ќе побара од Трибуналот да му биде овозможена посета на Караџиќ, пренесува Танјуг.
-Ќе го прашам дали му треба помош од српската Влада во подготовката на документите, а можеби и некаква финансиска помош, изјави српскиот амбасадор во Холандија.
Стојановиќ објасни дека српската Влада е должна да воспостави контакт со Караџиќ и да му понуди помош не затоа што сочуствува со обвинетиот, туку затоа што тој е поранешен претседател на Република Српска уапсен на територијата на Србија, како и заради тоа да му се обезбеди објективен и праведен судски процес.
Според амбасадорот Стојановиќ советник од српската амбасада во Хаг веќе се поврзал со Караџиќ и му предложил мала финансиска помош од 200 евра месечно, но не добил конкретен одговор на понудата.
-Сега сум вознемирен и не сум способен да мислам на ситни нешта, ќе видам, изјавил Караџиќ.
Српскиот амбасадор изрази сомнение дека Караџиќ ќе сака да се види со него, бидејќи во минатото Стојановиќ го критикувал поранешниот претседател на Република Српска.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|