
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Српскиот министер за одбрана ги повика Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ да се предадат
Белград, 29 август (МИА) - Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац повторно ги повика обвинетите од Хашкиот трибунал Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ да се предадат.
Во интервју за весникот „Вечерње новости“ Шутановац потсети за смртниот случај по митингот, организиран од радикалите поради апсењето на Радован Караџиќ. - Затоа, ако навистина се херои, Младиќ и Хаџиќ би требало да помислат дали чини нивниот живот за животите на другите луѓе, рече Шутановац.
Тој изјави дека нема информации за тоа дали Младиќ може наскоро да биде уапсен.
На прашањето дали се стравува од евентуално апсење на Младиќ, Шутановац одговори дека според него, во таков случај „радикалите повторно би свикале демонстрации, би кршеле низ Белград и би предизвикале улични нереди“.
Според него, апсењето и предавањето на Караџиќ на Хашкиот трибунал не предизвикало толку голема напнатост во државата, колку што одделни опозициски партии тоа сакаат да го претстават.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|