
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Расад на канабис пред седиштето на бугарската Влада
Софија, 29 август (МИА) - Меѓу цвеќето засадено пред седиштето на Владата во Софија откриени се стебла на канабис, потврди владин претставник по објавувањето на фотографии во весникот „Труд“.
- Имаме задовлство да ве известиме дека проблемот веднаш и буквално е искоренет, наведе со доза на хумор во официјалното соопштение по повод несекојдневниот настан.
Бугарската полиција покрена во изминатите недели кампања против илегалното одгледување канабис, што доведе до заплена на над шест тони марихуана одгледувана на полињата и во приватните дворови, меѓу кои беше и дворот на еден свештеник.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|