
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Тројцата Бугари осомничени за шпионажа во Грција платија кауција од по 3.000 евра
Атина, 29 август (МИА) - Тројцата Бугари кои беа уапсени во Грција под обвинение за шпионажа наместо да одлежат 15 месеци во затвор за своето ослободување секој од нив платил по 3.000 евра, објави грчкиот весник „Вима“.
Весникот наведува дека снимките направени од Бугарите на воените објекти во реонот на градот Орестида внимателно ќе бидат проучени. „Вима“ истакнува дека двајцата Бугари - маж и жена биле воени лица, додека третиот бил нивни возач.
Грчкиот весник „Авриани“ воената шпионажа ја оценува како еден од најсериозните инциденти, и тврди дека двајцата бугарски офицери служеле во американска база, додека третиот човек бил вмешан во различни афери на бугарската мафија.
„Авриани“ тврди дека во Грција дејствуваат американски, бугарски и македонски тајни служби.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|