понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Писатлеката Славенка Дракулиќ ја предупредува ЕУ на „скриеното лице“ на Хрватска

Лондон, 29 август (МИА) - Хрватската писателка Славенка Дракулиќ ја предупредува Европската Унија на скриеното лице на Хрватска, кога станува збор за „усташкото минато“ на земјата и на нејзината европска перспектива.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Дракулиќ во авторски текст за лондонскиот весник „Гардијан“ го посочува случајот со поранешниот командант на усташкиот логор во Јасеновац, Динко Сакиќ, кој бил погребан во усташка униформа, а свештеникот на погребната церемонија истакнувал дека Хрватите треба да му се восхитуваат на покојникот.

Дракулиќ го споменува и случајот со Звонко Бусиќ, кој на загребскиот аеродром, по враќањето од САД по поминатите 32 години во затвор (осуден за терористичка активност против поранешна СФРЈ), бил пречекан од поголема група „устаски приврзаници“, од кои некои го поздравувале со „усташкиот поздрав“.

Писателката во „Гардијан“ го споменува и случајот со популарниот хрватски пејац Мирко Перковиќ-Томпсон, затоа што на неговите концерти публиката „повикува на убивање на Србите“. Според Дракулиќ сите овие примери покажуваат дека не станува збор толку за рехабилитација на фашистичката идеологија, колку за немањето волја на сегашните хрватски власти и на државните институции, пред се на полицијата и на обвинителствата, да реагираат.

Хрватската писателка која живее во Велика Британија вели дека е разочарана што на концертите на Томпсон присуствуваат често и министри, иако премиерот Иво Санадер гласно постојано се залага за почитување на европските вредности и за влегување на земјата во ЕУ.

- Дали на Европската Унија и е потребна една ваква Хрватска, која на светот му се прикажува само во своето летно лице, криејќи ги притоа, своите други, длабоко всадени вредности, пишува во својот авторски текст во „Гардијан“ Дракулиќ.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи