Заедничка воена вежба на Грција, Бугарија, Кипар и Романија за дејствие во кризни ситуации
Букурешт, 29 август (МИА) - Над 1.200 војници од Грција, Бугарија, Кипар и Романија кои се дел од Европската борбена група ХЕЛБРОК, ќе учествуваат од 6 до 12 септември на полигонот Аксос-Профитис во Грција на вежби за справување со кризни ситуации.
На вежбата „EVROPI-II/08“, финансирана од Европската унија, Грција ќе учествува со еден копнен батаљон, поддржан од военовоздухопловна, логистичка и инженерска единица, Бугарија со леснопешадиска единица, Кипар - со медицински единици и воена полиција.
Целта на вежбата е персоналот да се подготви за раководењето на заеднички операции во кризни ситуации, а акцентот е врз операциите за евакуација, разделување на страните кои се наоѓаат во конфликти и укажување хуманитарна помош.
|