Експлозија во еден од военоиндустриските комплекси во Турција
Истанбул, 29 август (МИА) - Силна експлозија се случи во една од фабриките на военоиндустрискиот комплекс МКЕ, лоциран во близина на градот Караккале, јави турската телевизија НТВ.
Инцидентот се слулчил во фабриката за барут, при што избил пожар, кој засега не е изгаснат.
Според неофицијални информации во експлозијата настрадале две лица, а околу 12 се повредени.
Исто така, според неофицијални податоци, постои опасност од нови експлозии во истиот комплекс.
|