вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Караџиќ одби да се изјасни за вината пред Хашкиот трибунал

Хаг, 29 август (МИА) - Поранешниот политички лидер на босанските Срби Радован Караџиќ денеска одби да се изјасни за виновен или невин на предавањето на обвинението против него за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, пред Меѓународниот трибунал во Хаг, пренесе Франс прес. 

-Согласно она што претходно го реков, одбивам да се изјаснам, рече Караџиќ додека британскиот судија Јан Бономи му ги редеше 11-те точки од обвинението против него за неговата улога во војната во Босна од 1992 до 1995 година. 

-Во тој случај, јас во Ваше име се изјаснуван за невин, изјави судијата. 

Во првичното појавување пред судот на 31 јули обвинетиот побара да го искористи законскиот рок од 30 дена за размислување, на што има право. 

Обвинетиот самиот пред судијата потврди дека се откажува од правото да биде бранет од адвокат. „Сакам самиот да се бранам“, изјави Караџиќ.

-Уште не сум ја составил мојата екипа на соработници и правни помошници, прецизира Караџиќ, објаснувајќи дека не сака да се изјаснува бидејќи очекува нова верзија на обвинителниот акт против него. 

Радован Караџиќ беше уапсен на 21 јули во Белград.

Тој се смета за стратегот на „етничкото чистење“, преземено со поддршка од Белград, против муслиманите и Хрватите за време на војната во Босна, смета обвинителот на Трибуналот.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи