
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Повлечен предлогот за дипломатски претставник на Косово во САД
Тирана, 5 септември (МИА) - Сулејман Гаши нема да биде дипломатски претставник на Косово во Вашингтон, се истакнува во соопштението на косовската Влада.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, во соопштението се наведува дека власта ги разгледала и ги оценила околностите кои го попречуваат господинот Гаши да ја врши задачата за која е предложен во рамките на дипломатската мисија на Косово во Вашингтон.
Косовската Влада потцрта дека е максимално ангажирана во најкус можен рок да најде замена за Гаши. Тој беше еден од десетте дипломатски претставници на Косово кои претседателот Фатмир Сејдиу ги назначи деновиве.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|