
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Шефот на УНМИК најавува преговори меѓу Белград и Приштина
Виена, 5 септември (МИА) - Шефот на УНМИК Ламбрто Занијер изјави дека во наредниот период сака да поттикне нови преговори меѓу Белград и Приштина, но не за статусот на Косово, јави Танјуг.
- Не сакам при тоа да покренувам никакви нови преговори за големи политички прашања, туку за решавање на практични проблеми на Косово, објасни тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“.
Занијер идната улога на УНМИК ја гледа пред се како посредник меѓу Албанците и Србите. - Мора да останат отворени каналите за политички дијалог, а бидејќи сме признаени од сите страни можеме да разговараме со сите, нагласи италијанскиот дипломат.
- Бидејќи косовските институции сега ја презедоа одговорноста ние повеќе нема да имаме никаква улога во администрацијата, призна тој.
Занијер додаде дека иако Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН де факто и натаму му ја дава извршната власт на Косово, тој нема инструменти да ја спроведува, бидејќи за косовските Албанци, а и за земјите кои го признаа Косово, важи новиот косовски Устав за администрацијата и законодавството.
- Ние сме врска со државите кои не го признаа Косово, оцени тој, признавајќи дека Приштина нема голем интерес за УНМИК.
- Јас и натаму сум личноста која до Советот за безбедност на ОН поднесува извештај за состојбата на Косово, и во интерес на косовската Влада е нивната работа да биде позитивно сфатена од меѓународната заедница, изјави Занијер за „Пресе“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|