
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Германија ќе ја поддржува Србија кон членството во ЕУ
Белград, 5 септември (МИА) - Германија ќе го поддржи процесот на приклучување на Србија кон ЕУ, вклучувајќи и напорите за „одмрзнување“ на преодниот договор меѓу Белград и Брисел, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ по разговорите во Берлин со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.
- Иднината на Србија е во Европа, изјавил од своја страна првиот германски дипломат и изразил надеж дека Србија во најскоро време ќе преземе уште чекори за напредок на патот кон „европското семејство“.
Според Јеремќ, наредните шест месеци ќе бидат особено критични за Србија на нејзиниот пат кон ЕУ. Тој додаде дека Белград целосно се потпира на поддршката на Германија во овој момент.
И покрај германската поддршка околу членството на Србија во ЕУ, се уште остануваат разлики меѓу двете земји по прашањето за Косово. - Изразив длабоко жалење од фактот, дека Германија ја призна незаконски прогласената независност на Косово, рече Јеремиќ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|