петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар

Белград, 5 септември (МИА) - Нафтени компании од Југоисточна Европа  се обидуваат да го потткопаат енергетскиот договор за продажба на „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС) на рускиот гигант „Газпром“, изјави високиот функционер на опозициската Демократска партија на Србија (ДСС), Ненад Поповиќ во интервју за белградскиот весник „Вечерне новости“.

Според Поповиќ, обидот на некои министри од српската Влада да ја зголемат цената на акциите на НИС над договроената сума со „Газпром“, има за цел само да го поткопа енергетскиот договор меѓу Русија и Србија.

- Зад таквиот лицемерен обид стои регионалното економско и политичко лоби. Тоа ги штити сопствените нафтени компании, кои имаат монопол на српскиот пазар, изјави Поповиќ, кој беше еден од активните учесници во склучувањето на договорот за енергетска соработка меѓу Русија и Србија, потпишан на 25 јануари во Москва. Со договорот се предвидува продажба на 51 отсто од акциите на НИС на „Газпром“ за цена од 400 милиони евра.

Како главен „уривач“ на енергетскиот договор, Поповиќ го посочи српскиот вицепремиер Млаѓан Динкиќ, но одби да ги именува „регионалните монополски нафтени компании“ кои се вклучени во целиот процес.

- Станува збор за две големи компании кои имаат монопол на српскиот пазар на нафтени деривати. И двете компании потекнуваат од соседни држави-членки на ЕУ. Нив не им одговара влезот на „Газпром“ од Србија и претворањето на НИС во најсилна нафтена компанија во Југоисточна Европа, нагласи Поповиќ.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Во БиХ почнува предизборната кампања за општите избори
Грција сака решение за Косово кое е резултат на консензус
Лека Зогу: Политиката треба да најде излез
И локалната власт на Кукс против изградбата на ХЕЦ „Жур“
Во Грција пронајдено оружје украдено во Албанија
Балканската политика на Турција има за цел стабилност и економски раст, изјави Ѓул
Министрите за земјоделие, финансии и за труд на романија ќе бидат разрешени од Кабинетот на Емил Бок
Група од 22 криминалци уапсена во Романија поради измами со недвижности
Занијер: Разговори што побрзо меѓу Белград и Приштина
Ѕуринда: Не сум кажал дека Словачка никогаш нема да го признае Косово
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи