Медал за заслуги за Македонија за фотографот и уметник Благоја Дрнков

Скопје, 30 септември (МИА) - Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе го одликува фотографот и уметник Благоја Дрнков со Медал за заслуги за Македонија, за врвните резултати во неговата долгогодишна професионална дејност во областа на уметничката и применета фотографија и за неговиот придонес во презентирањето и афирмацијата на македонското уметничко и културно богатство во светот. Високото признание на Дрнков ќе му биде врачено во рамките на 29. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” на свечена церемонија во Домот на АРМ.

Благоја Дрнков (1914) е доајен на македонската документаристика и неприкосновен уметник во фотографското мајсторство. Со фотографирање почнал да се занимава уште како ученик. Во 1935 година го направил својот прв филм, десет години подоцна станал прв директор на Филмската дирекција на Македонија ФИДИМА и прв дописник на „Филмски новости“ од Македонија.

Снимил голем број филмски записи за животот на неговото семејство, како и филмски записи со општествено-историска вредност. Во 40-тите години на минатиот век специјализирал во студијата „Барандов“. Работел во „Вардар-филм“, потоа во Етнолошкиот музеј како фотограф, снимател и режисер на етнолошки филмови, а од 1964 до пензионирањето во 1969 година бил режисер на документарни филмови и телевизиски серии во Телевизија Скопје. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и на државната „11 Октомври“ за животно дело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...