Лидер на косовските Срби бара од Белград да ја прифати мисијата Еулекс на Косово
Белград, 6 октомври (МИА) - Потпретседателот на Српскиот национален совет на Косово, Рада Трајковиќ изјави дека не разбира зошто Белград не дозволува мисијата на Еулекс да биде реалност на Косово, кога „самите ние се стремиме кон ЕУ“.
- Еулекс е прифатлив на територијта на Косово, затоа што добро не познава, ни го знае менталитетот, иако ние тука на Балканот имаме своја специфика, истакна Трајковиќ во интервју за српската телевизија „Палма плус“.
Според неа првиот конфликт на мисијата на ЕУ би бил со косовските Албанци, доколку Србите направат со неа коректен договор.
- Албанците сега ги користат како доказ Србите и српската држава, која не дозволува распоредување на Еулекс на косово, додаде Трајковиќ.
Таа смета дека Србија треба многу посериозно да работи на територијата на Косово ако сака Еулекс комуникација со Белград, бидејќи тоа автоматски значи дека Белград има желба да влијае врз функционирањето на мисијата.
|