
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Уапсениот поранешен босански генерал Насер Ориќ доби едномесечен притвор
Сараево, 6 октомври (МИА) - Општинскиот суд во Сараево вчера одлучи поранешниот командант на муслиманските сили во Сребреница, генерал Насер Ориќ (41) еден месец да остане во притвор, пренесе Франс прес.
Генералот беше уапсен во петокот во сараевската населба Илиџа заради сомнение за рекетирања, злоупотреби, перење пари и други престапи.
Поранешната сопруга на Ориќ, Захида и Џермин Кадриќ, исто така, се приведени заради обвинението за незаконско поседување оружје и муниција.
Во полициската операција вкупно беа приведени осум лица, но подоцна петмина беа ослободени.
Поранешниот командант на босанските муслимански сили во Сребреница во јули се врати во Сараево како херој, откако Апелацискиот совет на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Јуославија во Хаг го ослободи.
Ориќ, во прва инстанца беше осуден на две години затвор, зошто не го спречил криминалот врз српските затворници во 1992 и 1993 година во реонот на Сребреница, а Апелацискиот совет ја укина пресудата и го прогласи за невин.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|