
|
 |
Вести / Балкан
|
|
За помалку од 30 минути синоќа ограбени три спортски обложувалници во Загреб
Загреб, 6 октомври (МИА) - Загребски разбојници вчера за помалку од 30 минути ограбија три спортски обложувалници, од кои се земени повеќе десетици илјади куни, соопшти хрватската полиција.
Првото разбојништво се случило околу 19,20 часот, кога непознат напаѓач заканувајќи и се на 23-годишната вработена во обложувалница во центарот на Загреб, најверојатно со нож, побарал пари од неа, при што одземал неколку десетици илјади куни.
Следното било извршено 15 минути подоцна, кога исто така под закана со нож, од 20-годишната девојка вработена во втората спортска обложувалница разбојникот побарал неколку илјади куни.
Третото разбојништво се случило по 10 минути, при што разбојникот повторно се послужил со нож барајќи и на 29-годишната вработена поголема сума пари. Материјалната штета на третата обложувалница изнесува неколку десетици илјади куни.
Дека кражбите во обложувалниците станале „вносен бизнис“, покажува и фактот дека неделно се ограбуваат бнајмалку десетина вакви објекти.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|