
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Турската армиja презеде вoздушeн нaпaд врз курдските позиции во северен Ирак
Анкара, 6 октомври (МИА) - Турската армија соопшти дека денеска презела воздушна операција на територијата на северен Ирак против курдските сепаратистички бунтовници.
Бунтовниците од Курдската работничка партија во петокот извршија напад против воена позиција на границата со Ирак, во кој загинаа најмалку 15 турски војници.
Армијата соопшти дека воените авиони го бомбардираа реонот на Авасин Басиан во северен Ирак, пренесоа светските агенции.
Ова е втор идентичен напад во северен Ирак по петочната акција против турските војници.
Турската армија соопшти дека сите авиони навреме се вратиле во своите бази. Од таму соопштуваат дека биле преземени сите мерки за спречување на цивилни жртви.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|