
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Бунтовници од ПКК соопштија дека киднапирале двајца турски војници
Арбил, 6 октомври (МИА) - Бунтовниците од Работничката партија на Курдистан соопштија дека киднапирале турски војници кои во петокот беа прогласени за исчезнати по напад од заседа во југоисточниот дел од Турција.
- Ние имаме двајца турски војници. Не можам да потврдам дали се убиени или живи. Наскоро ќе го објавиме тоа, изјави за западни медиуми Ахмед Данес портпарол на ПКК.
При напад на ПКК во петокот врз турски воен пункт во близина на границата со Ирак исчезнаа двајца турски војници, објави турската армија. Во тој напад загинаа петнаесет турски војници и 23 курдски бунтовници, а околу 20 војници беа ранети.
Турската армија соопшти денеска дека презела воздушна операција на територијата на северен Ирак против курдските сепаратистички бунтовници.
Армијата соопшти дека воените авиони го бомбардираа реонот на Авасин Басиан во северен Ирак.
Турската армија соопшти дека сите авиони навреме се вратиле во своите бази. Од таму соопштуваат дека биле преземени сите мерки за спречување на цивилни жртви.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|