
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Продолжува штрајкот со глад во затворот во албанскиот град Фуш Круја
Тирана, 7 октомври (МИА) - Затворениците од затворо во албанскиот град Фуш Круја, кој важи за најстрог во Албанија, продолжуваат со штрајкот со глад, што го започнаа пред четири дена, јави дописникот на МИА од Тирана.
Вкупно 160 затворени, кои главно се осудени на воиоки затворски казни, а некои и доживотен затвор, бараат подобрување на условите во затворот.
Тие бараат вратите на затворските ќелии да им бидат отворени, како што тоа било во летниот период и да минуваат повеќе часови на воздух во текот на денот.
Управата на албанските затвори тврди дека состојбата во затворот во Фуш Круја е под конрола.
Овој новоизграден затворски комплекс со капацитет од 300 затвореници, важи за затвор со највиоск степен на безбдност.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|