
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Санадер смени двајца министри и еден полициски началник поради убиството на Ивана Ходак (ДПЛ)
Загреб, 6 октомври (МИА) - Хрватскиот премиер Иво Санадер денеска изјави дека ги разреши министерот за внатрешни работи Берислав Рончевиќ, министерот за правда Ана Ловрин и директорот на хрватската полиција Миријан Бенка.
- Ќе предложам Саборот да ги потврди разрешувањата на министрите за внатрешни работи, за правда и на директорот на националната полиција, изјави Санадер.
Во согласност со хрватските закони неопходно е Парламентот да гласа за одлуката на премиерот за разрешување на Рончевич, Ловрин и Бенка.
Непознато лице денеска во центарот на Загреб ја уби Ивана Ходак, ќерка на адвокатот Звонимир Ходак кој го брани и хрватскиот генерал Владимир Загорец. Тој неодамна од Австрија беше испорачан на Хрватска каде ќе му се суди за кражба на дијаманти во вредност од околу пет милиони долари од хрватското Министерство за одбрана.
Ивана Ходак била убиена во влез во зграда која се наоѓа на околу сто метри од седиштето на загрепската полиција која се уште не го потврдила убиството. Инцидентот го потврди нејзиниот татко адвокатот Ходак.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|