
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Санадер смени двајца министри и еден полициски началник поради убиството на Ивана Ходак
Загреб, 6 октомври (МИА) - Поради убиството на Ивана Ходак хрватскиот премиер Иво Санадер разреши двајца министри и еден полициски началник.
Санадер ги смени министерот за внатрешни работи Берислав Рончевиќ, министерот за правда Ана Ловрин и началникот Мирјана Бенка.
Непознато лице денеска во центарот на Загреб ја уби Ивана Ходак, ќерка на адвокатот Звонимир Ходак кој го брани и хрватскиот генерал Владимир Загорец. Тој неодамна од Австрија беше испорачан на Хрватска каде ќе му се суди за кражба на дијаманти во вредност од околу пет милиони долари од хрватското Министерство за одбрана.
Ивана Ходак била убиена во влез во зграда која се наоѓа на околу сто метри од седиштето на загрепската полиција која се уште не го потврдила убиството. Инцидентот го потврди нејзиниот татко адвокатот Ходак.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|