Во близина на Фиер откриен арсенал со оружје
Тирана, 6 октомври (МИА) - Арсенал со оружје е пронајден во еден канал во близина на албанскиот град Фиер, јави дописикот на МИА од Тирана.
Полицијата потврди дека станува збор за четири тешки митралези, калибар 12,7 мм, еден лесен митралез, три рачни бомби како и 69 сандаци со муниција, односно околу 70 илјади куршуми.
Оружјето и муницијата според полицијата, која до него дошла по добиените информации по опреативен пат, е оставено изминативе денови.
|