
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Месиќ го свика Националниот совет за безбедност по денешното убиство во центарот на Загреб
Загреб, 6 октомври (МИА) - Хрватскиот претседател Стипе Месиќ го свика Националниот совет за безбедност по денешното убиство во центарот на Загреб на ќерката на хрватски адвокат.
Месиќ го оквалификува како „одвратен криминален чин“ убиството на Ивана Ходак (26), ќерка на хрватскиот адвокат Звоним Ходак кој го брани хрватскиот пензиониран генерал Владимир Загорец, обвинет за кражба на пет милиони долари во дијаманти за време на војната во Хрватска. Тој беше екстрадиран на 2 октомври од Австрија.
- Треба да се преземат решителни мерки. Тоа не е прво убиство, граѓаните треба да бидат предупредени и се надевам дека МВР и сите останати институции задолжени за безбедноста ќе преземат најенергични мерки, изјави Месиќ. Тој одби да прави шпекулации за можните „пораки“ од убиството на Ивана Ходак.
Хрватскиот премиер Иво Санадер исто така го осуди убиството и додаде дека државата нема да толерира организиран криминал и убиства во мафијашки стил. Тој потенцира дека државниот обвинител и шефот на полицијата кои во моментов се во посета на САД, ќе се вратат итно во Хрватска.
Ивана Ходак беше убиена во влез во зграда која се наоѓа на околу сто метри од седиштето на загрепската полиција.
Од јуни досега во Загреб се случија три убиства - врз новинар и двајца бизнисмени. Извршителите не се пронајдени иако беа направени неколку промени во раководството на полицијата во Загреб.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|