Сопственикот на ФК „Стеауа“ Џиџи Бекали е најбогат Романец
Букурешт, 7 октомври (МИА) - Сопственикот на ФК „Стеауа“ од Букурешт Џиџи Бекали стана најбогатиот човек во Романија, а вредноста на неговиот имот се проценува на 2,8 до три милијарди долари, соопшти информативниот сајт зиаре.ком.
Досега на прво место меѓу најбогатите Романци беше нафташот Дину Патричиу. Но, по соопштувањето на официјланта цена на трансакцијата на Ромпетрол, во која Патричиу го имаше мнозинскиот дел, на казахстанската компанија КазМунахГаз, тој спадна на трето место на најбогати луѓе во Романија.
Се смета дека трансакцијата на Патричиу му донесе над две милијарди долари, а реалната цена што ја инкасира бизнисменот изнесува околу 1,28 милијарда долари, по што вредноста на неговиот имот спадна од 3,1-3,3 милијарда долари на малку над две милијарди доалри.
Богатството на Џиџи Бекали во голем степен зависи од вредноста на земјиштето со кое располага, особено во зоната „Пипера“ во Букурешт. Тој поседува над 200 хектари земја во овој регион, над 20 хектари во Секторот еден или централниот дел на Букурешт и околу 100 хектари во градот Питешт.
Бекали, исто така, поседува и удели во серија производни центри и форми, кои се проценуваат на стотици милиони долари.
|