
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Учителската федерација во Романија го даде на суд премиерот и двајца министри
Букурешт, 7 октомври (МИА) - Романската федерација на учителите соопшти дека поднела тужба во судот против премиерот Калин Попеску Таричану, министерот за финансии Варужан Восгањан и министерот за образование Кристијан Адомницеј, кои од нив се обвинети за дезинформирање на општеството.
- Со своите изјави од изминатата седмица, тие го дезинформираа јавното мислење, изјави претседателот на Федерацијата Мариус Нистор, додавајќи дека министрите „ја поддржале напнатата ситуација и настроиле други категории против учителите“.
Во меѓувреме, романскиот премиер побара оставка од министерот за образование Кристијан Адомницеј.
Можно е раководството на Министерството да биде преземено од државниот секретар Антон Антон.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|