понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Во Сараево уапсен водачот на муџахедините во БИХ Абу Хамза

Сараево, 7 октомври (МИА) - Поранешниот водач на муџахедините во Босна и Херцеговина Имад ал Хусеин, попознат како Абу Хамза, е уапсен вчера во Сараево, соопшти босанското Министерство за безбедност.

Абу Хамза е уапсен од службите за безбедност, по што е испратен во Имиграцискиот центар. Полицијата не ги соопштува причините за неговото апсење.

Сириецот Абу Хамза, беше член на единицата „Ел Муџахид“ во составот на босанската армија за време на војната во БИХ во 90-те години, чии белези беа жестокоста и ужасните злосторства, извршувани од нејзините членови, вклучувајќи и дел сторени пред 
камери. Тој беше меѓу групата од неколку стотини исламиски борци, кои по војната добија босанско државјанство, за што согласност даде покојниот претседател Алија Изетбеговиќ, од кого меѓународната заедница побара да ги екстрадира муџахедините по потпишувањето на Дејтонскиот договор во 1995 година.

Државјанството на Абу Хамза, меѓутоа, беше одземено во 2007 година, откако се утврди дека го добил на незаконски начин. 

Абу Хамза побара од Уставниот суд на Босна и Херцеговина да ги спречи властите да го протераат од земјата. Тој помош побара и  од Европскиот суд на правата на човекот во Стразбур наведувајќи дека со депортирањето му се нарушуваат основните човекови права 

Според неговиот адвокат Осман Мулахалиловиќ испраќањето на Абу Хамза во Имиграцискиот центар е првиот чекор кон неговата депортација и „ е во спротивност со наредбата на Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур“.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи