
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Гејтс: Војниците на САД остануваат на Косово уште најмалку една година
Приштина, 7 октомври (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави денеска во Приштина дека американските војници ќе останат на Косово уште најмалку една година за да ја поддржат мировната мисија на НАТО, јави Танјуг.
Тој истакна дека американското учество во КФОР е важно за европските сојузници и додаде дека одобрил ротација на трупите, која го гарантира присуството на силите на САД најмалку до октомври 2009 година.
- Ќе продолжиме да ја извршуваме својата должност тука, порача Гејтс, кој е највисок американски претставник кој го посетил Косово од 2001 година.
Гејтс минатата година размислуваше за повлекување на 1.500 американски војници од Косово ако Европа не го исполни ветувањето и не испрати дополнителни трупи во Авганистан.
На прашањето како Русија ќе реагира на неговата посета на Приштина, американскиот министер за одбрана одговорил: „Не мислам дека Косово е руски двор“.
Гејтс нагласи дека главна цел на неговата посета е обиколка на американските војници стационирани на Косово.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|