вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Утрешниот штрајк на националниот сообраќај ќе ја парализира Грција

Атина, 7 октомври (МИА) - Дваесет и четири часовниот штрајк на вработените во атинското метро и тричасовниот прекин на работата на електричната железница, автобускиот сообраќај и тролејбусите се вклучени во утрешната протестна иницијатива на најголемата грчка синдикална организација - Конфедерација на грчките работници.

- Актуелната политика ги става под хипотека иднината и перспективите на земјата, интересите на општеството и правата на работниците. Ваква неолиберална политика во моментов се води во земјата, кога во целиот свет пропаѓаат фирми, товарот се префрла врз плаќачите на данок, врз обичните граѓани и врз работниците, се наведува во соопштението на Конфедерацијата.

Атинската градска железница, автобусите и тролејбусите ќе ја прекинат работата по три часа на почетокот и на крајот од смената. Националното железничко претпријатие ќе ги прекине движењата на сите патнички и товарни возови, вклучувајќи и на некои меѓународни линии.

Утре ќе бидат откажани и 50 национални и меѓународни летови на грчаката државна авиокомпанија „Олимпик“.

Грчката телекомуникациска компанија ќе прекине со работата од 10 до 13 часот, а од 11 до 15 часот нема да работат и државните болници.

Претпладне е предвиден и митинг на синдикатите на централниот плоштад во Атина.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи