
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Лондон, 7 октомври (МИА) - Европската банка за обнова и развој ќе ја разгледа можноста за одобрување кредит за четири земји од Западен балкан во вредност од 60 милиони евра.
Кредитот за кој на 11 октомври ќе одлучува Одборот на директори на Банката, треба да им биде доделен на Србија, Босна и херцеговина, Македонија и Црна Гора, а би се користел за поттикнување инвестиции на приватни компании и одржување енергетска стабилност.
Таа кредитна програма ќе биде поддржана од ЕУ со 13,5 милиони евра, а ќе искористи пари од т.н. претпристапни фондови (ИПА).
Банката досега во економијата во целиот регион вложила околу 4,9 милијарди долари.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|