петок, 10.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Балкан

Признавањето на Косово е мешање во внатрешните работи на Србија

Подгорица, 10 октомври (МИА) - Одлуката на Црна Гора да ја признае независноста на Косово е мешање во внатрешните работи на Србија  и удар врз нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, оцени синоќа српскиот амбасадор во Подгорица Зоран Лутовац, пренесува Танјуг. 

Лутовац изјави дека ваквата одлука беше очекувана, но дена без разлика на тоа, Србија е разочарана со одлуката на Подгорица.

-Разочарувањето доаѓа од таму што Генералното собрание на ОН изгласа резолуција со која се наложи Меѓународниот суд на правдата да даде свое мислење за легалноста на прогласувањето на независноста на Косово, изјави српскиот амбасадор во емисијата „Вијести“ на црногорската телевизија. 

Тој изјави дека овој чин за жал, е начин што може да се толкува како искористување и инструментализација на Црна Гора и Македонија затоа што „една голема сила го покажува своето потценување кон системот на ОН, Генералното собрание и Меѓунардониот суд на правдата.     

Лутовац изјави дека фактот што од албанските лидери на Косово дознал за одлуката за признавање, покажува дека таа била донесена „ на некое друго место“. 

-Соопштена, е за жал, во еден многу незгоден момент за Србија, кога таа требаше да прослави една голема дипломатска победа и кога се обиде тој проблем од политичкото да го префрли на правното ниво, наведе Лутовац. 

Осврнувајќи се на одлуката на Владата на Србија да и го ускрати гостопримството на црногорскиот амбасадор Анка Војводиќ, Лутовац изјави дека таквата одлука зависи од земја до земја, но потсети дека одлуката за прогласување на амбасадорката Војводиќ за персона нон градат не е некое изнанедување.

-Црногорските функционери на време ја добија информацијата, иако преку медиумите пласираа приказни дека Србија нема ниту да реагира, дека тоа ќе биде млака реакција и дека кратко ќе трае, рече Лутовац. 

На крајот, тој наведе дека Белград прави разлика меѓу тоа што претставува донесена одлука и фактот дека зад таа одлука не стои огромното мнозинство од населението.


Наjновo од Вести
Главниот индекс Доу Џонс опадна на најниското ниво
Признавањето на Косово е мешање во внатрешните работи на Србија
Состанок на Проектно-управната група на Инструментот за претпристапна помош (ИПА)
Министерот Бајрами во посета на кумановската градинка „Ангел Шајче“
Драмски театар на театарски фестивал во Каиро
Бизнис средба меѓу работодавачи од Македонија и Црна Гора
Во Вевчани ќе биде отворен објектот „Пупинова куќа“
Србија ги враќа амбасадорите во сите држави
Признавањето на Косово од Македонија и Црна Гора е значаен психолошки момент за Приштина
Kазна за КЕШ бидејќи не обезбедила струјомери за сите потрошувачи
Половина милион Албанци живеат во сиромаштија
Во Тирана се кријат 500 криминалци
Вашингтон го поздрави признавањето на Косово од страна на Македонија и на Црна Гора
Над сто училишта во Грција под опсади на учениците
Заедничка изјава на владите на Македонија и Црна Гора за признавање на Косово
Црна Гора го призна Косово
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи