вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Хашим Тачи им се заблагодари на Црна Гора и на Македонија за признавањето на Косово

Приштина, 10 октомври (МИА) - Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска во името на институциите и граѓаните на Косово им се заблагодари на Македонија и на Црна Гора за признавањето на независноста на неговата држава, истакнувајќи дека со овие одлуки ќе се засили регионалната соработка.  

-Одлуките на Подгорица и Скопје се одговорни и се во согласност со волјата на народот на Косово за независна, суверена, демократрска и мултиетничка држава. Одлуките на Македонија и Црна Гора уште повеќе го засилуваат мирот, стабилноста и регионалната соработка, но истовремено ја засилуваат и забрзуваат интеграцијата на нашата држава во евроатлантските структури, рече Тачи на вонредната прес конференција.

Тачи изјави дека Косово ќе „гради добри односи со сите земји од регионот и ќе има конкретна соработка со Македонија и Црна Гора, како суверени и независни држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

-Косово, исто така, е подготевно за соработка, во двостран интерес, со Србија, како две суверени држави, рече Тачи и додаде дека косовските институции очекуваат нови признавања на независноста.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи