
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Турската армија нападна позиции на курдски бунтовници во Северен Ирак
Анкара, 10 октомври (МИА) - Турската армија соопшти дека нејзини воени авиони и артилериски единици бомбардирале и убиле голема група курдски бунтовници во Северен Ирак.
Воениот портпарол генерал Метин Гурак изјави дека нападот се случил доцна синоќа. Тој не го прецизира местото или бројот на убиени.
Офанзивата е последната од серијата напади врз курдските бунтовници во Северен Ирак по убиството на 17 војници при напад на бунтовниците минатата седмица.
Гурак изјави дека повеќето од членовите на групата биле убиени при нападот на границата со Ирак.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|