
|
 |
Вести / Балкан
|
|
„Зери“: Црна Гора ја збесна Србија
Приштина, 10 октомври (МИА) - Одлуката на црногорската и македонската влада да ја признаат независноста на Косово е главна вест во денешниот приштински печат на албански јазик, а некои од весниците истакнуваат дка потегот на Подгорица ги резбесне политичарите во Белград и дека сега „ Србија остана без едно око во главата“.
Весникот „Зери“ на насловната страница потсетува дека Црна Гора беше во заедничка држава со Србија до 2006 година поради што црногорското признавање на Косово „ ја збесна Србија“, додавајќи дека „радоста на Србија заради успехот на Генералното собрание на ОН траеше помалку од 24 часа“.
На насловната страница на „Експрес“ е објавен текст под наслов „ Големо благодарам Црна Горо“.
-Слободан Милошевиќ во една прилика изјави дека Црна Гора и Србија се како две очи во главата. Од вчера Србија е без едно око. Црногорците ги игнорираа заканите на Србија и ја признаа независноста на Косово, наведува весникот и додава дека за разлика од Црногорците, на Македонците им требаше дипломатски притисок за да го признаат Косово.
Весникот „Коха Диторе“ пишува дека само еден ден откако Генералното собрание на ОН гласаше во корист на српската резолуција, Црна Гора и Македонија најавија дека ќе воспостават дипломатски односи со Косово.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|