
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Собранието на Косово им се заблагодари на Црна Гора и на Македонија
Приштина, 10 октомври (МИА) - Собранието на Косово денеска им се заблагодари на владите на Црна Гора и на Македонија за признавањето на независноста, истакнувајќи дека тоа за нив има „посебно значење“.
Претседателот на Собранието Јакуп Красниќи истакна дека признавањата на Португалија, Црна Гора и Македонија, покажуваат дека резолуцијата на ОН има позитивен ефект и оти со неа нема да биде постигната целта која ја постави Србија.
И шефовите на пратеничките групи поединечно изразија благодарност до Црна Гора и Македонија поради признавањето на Косово како независна и суверена држава.
Претседателот на Парламентот го одби барањето на пратеничката на Алијансата за иднината на Косово Џуљназа Суља, која побара Собранието на Косово да реагира на одлуката на Генералното собрание на ОН - Меѓународниот суд на правдата да ја оцени законитоста на прогласувањето независност на Косово.
Суља наведе дека штетите од резолуцијата на ОН се големи и оти Собранието како највисока законодавна инситутција треба да реагира.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|