
|
 |
Вести / Балкан
|
|
„Економист“: Меѓународниот суд го успорува признавањето на Косово
Лондон, 10 октомври (МИА) - Изнесувањето на прашањето за легалноста за едностраното прогласување на Косово пред Меѓународниот суд на правдата би можело да стои на патот за натамошно признавање на независноста на Косово, оцени денеска британскиот весник „Економист“.
Според весникот, Меѓународниот суд на правдата би можел да донесе одлука за легалноста за едностраното прогласување независност за една или две години, која би можела да „ги осуети надежите на Косово“ дека ќе го признаат голем број земји.
Во извештајот за ситуацијата во Косово, „Економист“ наведува дека поради отсуство на сериозна меѓународна контрола, стандардите на управата на Косово се слаби, опозициските лидери поткупливи, неодамна поставените службеници се јасно политички определени и немаат ниту основни професионални квалификации.
Претставникот на ЕУ на Косово Питер Фејт во својот извештај се жали дека неодамна именуваните функционери имаат директни политички врски и оти не исполнуваат ниту минимум стручни услови, додава „Економист“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|