понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Сејдиу: Признавањето на Косово од страна на Македонија и Црна Гора придонес за мирот и стабилноста во регионот

Приштина, 10 октомври (МИА) - Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави денеска дека признавањето на Косово од страна на Македонија и Црна Гора ќе биде во функција на продлабочување на исклучително добрата соработка со тие земји и оти тоа ќе влијае на зајакување на стабилноста и мирот во регионот.

Сејдиу на прес-конфереција во Приштина нагласи дека граѓаните и институциите на Косово се силно уверени дека новите признавања на независноста на Косово директно влијаат на зајакнувањето и забрзувањето на вклучувањето на Косово во процесите за европска и евроатлантска интеграција.

Тој истакна дека успешноста во работењето на демократските институции, добрососедските односи и евроатлантските интеграции се најздрав темел за идните односи.

- Косово е цврсто определено да ги оствари ветувањата што ги даде за обезбедување и остварување на правата и слободите на сите граѓани, без разлика на националноста, расната и верската припадност, додаде Сејдиу.

Претседателот на Косово нагласи дека денеска имал мошне срдечни разговори со претседателите на Црна Гора и Македонија, Филип Вујановиќ и Бранко Црвенковски, на кои во свое име и во името на народот и институциите на Косово им се заблагодарил за признавањето на независноста.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи