понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Оли Рен изрази загриженост за напредокот на БиХ кон ЕУ

Сараево, 10 октомври (МИА) - Еврокомесарот за проширување Оли Рен изјави денеска во Сараево дека босанските лидери не постигнале спогодба околу реформите, што е потребно да се спроведат во рамки на процесот за зачленување на Босна и Херцеговина во Европската унија.

Рен изрази загриженост поради неуспехот на политичките лидери во БиХ да постигнат согласност за прашањата кои се поврзани со процесот на евроинтеграцијата на земјата.

Еврокомесарот нагласи дека е загрижен поради тоа што во БиХ не е евидентиран напредок од јули, кога земјата со ЕУ потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација.  

Европската комија следниот месец треба да објави извештај за напредокот на земјата кон ЕУ. Унијата бара од босанските лидери организирање попис на населението и подобрување на Уставот, напоменувајќи оти во спротивно земјата ќе заостане зад своите соседи на патот кон добивање полноправно членство.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи