
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Србија да беше на местото на Македонија многу порано ќе преземеше ваков чекор
Министерството за надворешни работи соопштува дека одлуката на српските власти за прогласување на македонскиот амбасадор во Белград, Александар Василевски, за персона нон грата е чекор што македонското министерство за надворешни работи и амбасадорот ќе го испочитуваат.
“Сепак, цениме дека оваа одлука е целосно несоодветна и избрзана ако се имаат предвид досегашната партнерска основа и добрите билатерални односи помеѓу двете држави. Во исто време, овој чин може да се смета за асиметричен пристап на српската надворешна политика кон земјите кои го признаа Косово, земајќи ги за пример Хрватска, Бугарија и Унгарија како соседни држави чии амбасадори не беа протерани од Белград“, се вели во соопштението на портпаролот на МНР, Петар Чулев.
Министерството за надворешни работи потенцира дека српскиот амбасадор во Скопје е добредојден да ја извршува својата функција и може да смета на полна соработка со сите државни институции.
“Имаме разбирање за српската позиција во моментов, но уверени сме дека доколку Србија се наоѓаше на местото на Македонија во услови кога и Белград и Приштина ни се непосредни соседи, многу порано ќе го преземеше чекорот на признавање“, се додава во соопштенито.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|