понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Потребна помош на Унгарија од ММФ за надминување на кризата

Брисел, 15 октомври (МИА) - Унгарија, можеби ќе биде прва земја во Европската унија која од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе побара кредит за надминување на финансиската криза.

ММФ соопшти, дека заедно со ЕУ  се подготвени да понудат финансиска и стручна помош на Унгарија, која поради внатрешен и надворешен дефицит во голема мерка е загрозена со финансиската криза.

Унгарскиот премиер Ференц Ѓурчан, изјави дека ќе ја искористи помошта на ММФ само во краен случај.

- Понудата на Меѓународниот монетарен фонд покажува дека не сме сами и дека имаме силни сојузници, рече Ѓурчан.

Едно евро до крајот на минатата недела се менуваше за 272,5 форинти што е рекорд во изминатите две години, кога инвеститорите ги префрлија парите надвор од земјата, а Владата и Централната банка ги претставија мерките за поддршка на финансискиот пазар и банкарскиот систем. Понудено е на најголемата домашна банка ОТП гаранција за сите нивни меѓубанкарски позајмици.

Унгарскиот Парламент, исто така, по примерот на другите земји во ЕУ, го зголеми лимитот за осигурување на штедните влогови за шест на 13 милиони форинти (околу 50.000 евра).

Европската унија ја критикуваше Унгарија поради пристапот на економските проблеми. Будимпешта лани забележа највисок дефицит на јавни финансии во земјите на Европска унија од 5,5 отсто бруто домашен производ.

Унгарската влада најави дека оваа година ќе го намали дефицитот на јавните финансии на 3,4, а на наредната на 2,9 отсто БДП.

Министерот за финансии Јанош Вереш, призна дека финансиската криза ги загрозува тие планови.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи