Фејт: Целиот Западен Балкан може да биде дел од ЕУ
Приштина, 15 октомври (МИА) - Специјалниот пратеник на ЕУ за Косово, Питер Фејт изјави во Приштина дека целиот Западен Балкан може да стане дел од Унијата.
- Тоа е причината поради која владите на 27-те земји членки на ЕУ ме именуваа за специјален пратеник на Косово, истакна Фејт.
Европската унија сака стабилност и подобар животен стандард за Косово, како и за останатиот дел од регионот. Начинот тоа да се постигне е почитување на принципите, врз кои е формирана Унијата, а тоа се човековите права, правата на малцинствата, функционална пазарна економија и добри односи со соседите, објасни Фејт.
|