На албанскиот премин Капштица откриени осуммина илегалци од Авганистан
Тирана, 15 октомври (МИА) - Албанската полиција, при рутинска контрола, на граничниот премин Капштица, на границата со Грција, откри осуммина илегалци, државјани на Авганистан.
Тие, како што пренесува дописникот на МИА од Тирана, биле сокриени во камион со турски регистарски таблички, што транспортирал железни профили за Тирана. Крајна дестинација на илегалците наводно била Италија.
Според тиранската телевизија Топ-ченел ова е трет случај на откриени илегални емигранти од Авганистан на територијата на Албанија, во кус период.
|