
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Црногорската полиција ќе обвини 34 лица за безредијата за време на митингот на опозицијата во Подгорица
Подгорица, 15 октомври (МИА) - Црногорската полиција соопшти дека ќе обвини 34 лица во врска со безредијата, што избувнаа за време на митингот на опозицијата против признавањето на независноста на Косово, пренесоа светските агенции.
Портпаролката на полицијата Тамара Поповиќ изјави дека против овие лица ќе бидат покренати обвиненија за предизвикување безредија, во кои 37 лица беа повредени, вклучувајќи и 26 полицајци.
Поповиќ изјави дека организаторите на митингот во црногорскиот главен град Подгорица во понеделникот помогнале за предизвикување на безредијата со подбуцнувачките говори на митингот.
Митингот на просрпската опозиција во Црна Гора беше организиран како протест против тоа што Владата официјално ја призна независноста на Косово - поранешната српска автономна област, која во февруари прогласи независност.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|