
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Булќиза: Рударите повторно на протести
Тирана, 15 октомври ( МИА) - Над 600 рудари од познатиот албански рудник за ферохром во Булќиза, денеска повторно протестираа во знак на незадоволство од негрижата на Владата да го реши нивниот статус.
Како што пренесува дописникот на МИА од Тирана, насобраните рудари побараа решавање на нивниот статус и остварување на правото на пензија на 50-годишна возраст.
На протестот учествуваше и првиот човек на албанската конфедерација на сидикатите, Кол Николи, кој нагласи дека за разлика од другите земји во светот каде рударите заминуваат во пензија на 50 години во албанскиите рудници може да се видат и 65 годишни рудари.
Организаторите на протестите најавија дека ваквите протести ќе продолжат и ќе се прошират низ целата земја, се до исполнување на барањата .
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|