
|
 |
|
|
Вести / Балкан
|
|
Турција камен на сопнување за шведското претседателство со ЕУ
Гетеборг, 3 јули (МИА) - Членството на Турција во ЕУ и решавањето на финансиската криза би можеле да бидат камен на сопнување на денешната средба во Стокхолм на францускиот претседател Никола Саркози и шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд, пишува шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.
Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, Саркози минатиот месец ја откажа својата официјална посета на Шведска, во знак на протест против шефот на шведската дипломатија Карл Билд.
Францускиот претседател беше иритиран од интервју на Билд за „Фигаро“, каде што шведскиот министер за надворешни работи изрази поддршка на членството на Турција во ЕУ.
Официјален Стокхолм во повеќе наврати досега изнесе став дека Турција и припаѓа на Европа и дека турското зачленување би претставувало добра работа за ЕУ.
- Шведската Влада има свое гледиште, кое, се разбира, треба да го изрази. Но, од 1 јули шведската Влада не зборува само во име на Шведска, туку ги претставува сите 27 земји-членки. Од своја страна Франција смета дека на Турција треба да и се понуди посебна соработка и поблиско партнерство со ЕУ, но не и членство, нагласува Никола Саркози во интервју за ”Свенска дагбладет”.
Според него, важно е да се верува во Европа каде што не постои страв да се дебатира.
- Проблемот не се состои во спротивставените гледишта, најлошо е гледиштата да не бидат прифатени. Мораме да се ослободиме од сфаќањето за Европа, каде што се зборува само за нешта што не се проблематични, потенцира францускиот претедател Саркози.
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Фото експрес
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|