
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Продолжува пребројувањето на гласовите од праламентарните избори во Албанија
Тирана, 3 јули (МИА) - Политичката битка за освојување на гласовите од неделните парламентарни избори меѓу демократите на Сали Бериша и социјалистите на Еди Рама продолжуват, јави дописникот на МИА од Тирана.
Поради големите недоразбирања, со одлука на Централната изборна комисија, останатите 44 гласачки кутии, почнаа да се пребројуваат во Тирана во присуство на членовите на Комисијата.
Од досега објавените резултати, демократите на Бериша имаат 68 пратенички места, додека социалистите на Рама три пратенички места помалку или 65. Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета освои четири мандати, а по едно пратеничко место, добија Републиканската партија, Партијата за заштита на човековите права на грчкото малцинство и Партијата за правда и интегрирање.
Опозициската Социјалистичка партија најави приговори во три изборни единици - Скадар, Берат и Фиер.
|
|
|
 |
|
|
|
|
 |
Фото експрес
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|