ЕП денеска ќе расправа за укинување на визите

Стразбур, 16 септември (МИА) - Пратениците во Европскиот парламент денеска ќе расправаат за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора, која би требало да стапи на сила на почетокот на следната година.

ЕП за либерализацијата треба да донесе „незадолжително мислење“, а предлогот за визна либерализација официјално треба да го прифатат министрите за правда и за внатрешни работи на 27-те земји-членки на Европската унија.

Се очекува ЕП во октомври да усвои резолуција на визната либерализација, за која пратениците ќе гласаат во ноември.

Правната процедура за укинување на визите би требало да почне кон крајот на овој месец во Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, откако Европската комисијата на 15 јули даде зелено светло за укинување на визите за граѓаните на трите држави.

ЕК и шведското претседателство на Унијата планираат процедурата во Советот на министрите да заврши до крајот на ноември, со што министрите за внатрешни работи и за правда на Советот на 30 ноември во Брисел би можеле да го усвојат предлогот на ЕК за визна либерализација за трите земји, за да потоа од 1 јануари следната година бидат укинати визите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...