Македонија ги исполни условите, Србија и Црна Гора на „поправен“

Лондон, 17 септември (МИА) - Македонија ги исполни сите услови за укинување на визите за нејзините граѓани за патување во земјите на ЕУ, додека Србија и Црна Гора иако имаат направено „значаен напредок“, мора да извршат уште некои дополнителни задачи, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава на еврокомесарот Жак Баро.

Во разговор со европратениците, Баро и шведскиот министер за Европа Сесилија Малмстрем, соопштија дека трите држави од Западен Балкан ги имаат сите изгледи од Нова година да бидат вклучени меѓу земјите со безвизен резим во шенгенскиот простор на Европската Унија.

Србија, меѓутоа, како што јави дописникот на МИА, ќе мора да обезбеди и проверка на документите за оние лица кои престојуваат на Косово, како и за оние кои се родени таму, а сега се во странство, кога ќе побараат да им се издаде српски биометриски пасош.

Според Би-Би-Си, Србија во соработка со Еулекс ќе мора да обезбеди и надзор на граничната линија со Косово, затоа што од режимот на либерализација се исклучени жителите на Косово, како и лицата родени во оваа земја, а кои сега престојуваат во странство, без разлика што ќе имаат српски биометриски пасош.

Еврокомесарот Баро тоа го објаснува со фактот што властите во Белград уште од 1999 година не можат да ги проверуваат лицата кои престојуваат во Косово, кои по толкувањето на европскиот дипломат се „опасност за безбедноста“ на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...