Папандреу вети преобразба, Караманлис поднесе оставка

Атина, 5 октомври (МИА) - Јоргос Папандреу, лидерот на грчките социјалисти кои победија на предвремените парламентарни избори вчера, изјави дека претстои многу работа за преобразба на земјата.

Папандреу му се заблагодари на грчкиот народ за довербата и истакна дека „започнуваат општонародни напори за заздравување на состојбата во земјата“.

- Единствениот компас на тој пат ќе биде граѓанинот и единствено тој, истакна лидерот на ПАСОК. - Носиме огромна одговорност за промена на курсот на земјата. Сите треба да поверуваме дека ќе успееме. Не можеме да изгубиме и ден, рече тој.

Тој повика на обединување на сите сили во тој тежок момент. 

Грчкиот премиер Костас Караманлис синоќа поднесе оставка од местото претседател на конзервативната партија Нова демократија по поразот на изборите.

Караманлис го поздрави лидерот на опозициската партија ПАСОК Јоргос Папандреу за победата.

Американскиот претседател Барак Обама по телефон му честиташе на Папандреу за успехот на вчерашните избори.

По пребројувањето на околу 87,65 проценти од гласовите ПАСОК освои 43,93 проценти, додека за десноцентристичката партија Нова демократија гласале 34,03 отсто.     

Партијата на Папандреу освои 160 од 300-те места во Парламентот, што е доволно за формирање еднопартиска Влада.     

Одѕивот на избирачите бил 70,44 проценти. Гласањето е задолжително во Грција, и покрај тоа што повеќе не се наложуваат санкции за неучество во гласањето.

Десетици илјади приврзаници на ПАСОК празнуваа изминатата ноќ по улиците на големите градови на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...