Василакис го информира Нимиц за грчките позиции

Њујорк, 13 ноември (МИА) - Грчкиот претставник во разговорите за името Адемантиос Василакис на вчерашните средби со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк ја повторил позицијата на Атина дека решението на спорот со Скопје е сложено име со географска одредница за севкупна употреба и оти без затворање на ова прашање не е можен почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, јави агенцијата АНА-МПА.

- Грчката страна останува ангажирана во разговорите што се водат со посредство на Обединетите нации. Имаме конструктивен став и нашите позиции се јасни и добро познати. Бараме конечно решение на проблемот што ќе ја отвори соработката меѓу двете држави и нивните народи. Решение за тоа би било име со географска одредница за севкупна употреба. Овие позиции јасно ги соопштуваме за да нема изненадувања и недоразбирања. Не е можно отворање на пристапните преговори на ПЈРМ со ЕУ без решени за името, изјави Василакис, кој вчера попладне имаше средба, а потоа и работна вечера со Нимиц.

Тој ги негира медиумските информации оти Грција е подготвена на отстапки за да се затвори спорот за името, оценувајќи ги како „неосновани коментари“.

Метју Нимиц утре треба да се сретне со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, по што, како што најавуваат грчките медиуми, ќе закаже заедничка средба со претставниците на двете земји, најверојатно в понеделник.

Во меѓувреме, заменик-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас изјави дека последниот предлог на Нимиц „Република Северна Македонија“ би можел да биде основа за продолжување на разговорите за името. Друцас во интервју за австриски „Ди пресе“ вели дека Атина ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, но не може да се согласи таа да ги почне преговорите за членство во ЕУ без претходно решение на името.

За спорот околу името се огласи и поранешната министерка за надворешни работи и кандидат за нов лидер на опозициската Нова демократија Дора Бакојани, со оценка дека прашањето влегува во „клучна пресвртница“. Бакојани вели дека последните случувања околу името предизвикуваат загриженост. И порача на новата Влада да постави јасна позиција и и сугерира да ја следи, како што наведе, одлучната и јасна политика што ја применила претходната влада на Самитот на НАТО во Букурешт, постигнувајќи ја, како што вели, „најголемата грчка победа во однос на прашањето за името во последните 17 години“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...