Груевски и Папандреу ќе се сретнат во петок во Преспа

Премиерот Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу во петок во Преспа ќе се сретнат за да разговараат како да се избегне блокадата од страна на Грција во одлуката на Министерскиот совет на земјите членки на Европската Унија за добивање на датум за преговори, потврди владиниот портпарол Мартин Мартиновски.

Средбата меѓу Груевски и Папандреу ќе се оствари во рамките на регионалната средба за климатските промени која е закажана за петок на Преспа на грчка територија меѓу Македонија, Албанија и Грција.

Средбата била побарана од македонска страна.

Меѓународната заедница, како и опозицијата во Македонија бараа средба од вакво вид меѓу премиерот на Македонија и Грција со цел да се најде решение за името или пак да се дојде до договор по што Грција нема да го попречува патот на нашата земја кон евроатлантска интеграција.

Грчките власти во изминативе месеци откако Македонија доби препорака за отпочнување на преговори со ЕУ, категорични изјавуваа дека Грција нема да дозволи Македонија да доби датум за преговори се додека не се најде компромисно решение за спорот за името на нашата држава.



Груевски и Папандреу веќе имаа една средба пред повеќе од еден месец во Брисел.

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ треба да се состанат на 7-ми декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...